Позната манекенка од Србија ја изгуби битката – со години се бореше со тешката болест, а своето искуство го споделуваше со сите
Голема тага меѓу оние кои ја познаваа
![](/wp-content/uploads/2019/07/misica.jpg)
Познатата српска мисица Дијана Микојковиќ ја изгуби битката со тешката болест на 33 – годишна возраст.
Нејзиниот брат Милош Милојковиќ на Инстаграм го сподели тажниот статус и ја потврди оваа информација.
Дијана долго време се бореше со тешката болест, а пред нешто повеќе од месец дена прв пат во јавноста одекна веста дека итно и е потребна крв. Дијана која беше мис на Европа во 2014 година со својата храбра борба против ракот инспирираше илјадници луѓе како да се соочат со болеста.
Манекенката е родена во 1987 година, а нејзината кариера ќе ја одбележи победата на Мис Србија 2009. На натпреварот во Бејрут, во 2014 година, ќе ја освои титулата „Мис на Европа“, како и титулата „Мис на спортот“.
![](/wp-content/uploads/2019/07/misica4.jpg)
Има завршено два факултета – фармацевтски факултет во Белград и Факултет за менаџмент на кој завршила студии од областа на економскиот менаџмент.
![](/wp-content/uploads/2019/07/misica3.jpg)
На 27 години дознала дека боледува од инвазивна форма на карцином на грлото на матката, па тогаш започнува и нејзината битка за живот. Во меѓувреме отвори и блог на социјалните мрежи, на кој даваше свои совети и отворено зборуваше за своите искуства.
![](/wp-content/uploads/2019/07/misica5.jpg)
Животот го заврши на 33 годишна возраст.