Позната манекенка ги шокираше сите – два месеци е позитивна на коронавирусот, а експертите посебно се плашат од ова
Таа беше пуштена од болницата на 6 март и остана во самоизолација бидејќи не беше во критична состојба.
Младата италијанска манекенка Бјанка Доброу (23) е една од првите во Болоња што имала потврден корона вирус. Но таа е позитивна на овој вирус и сега, 56 дена откако се зарази, иако нема никакви симптоми.
Бјанка беше хоспитализирана во болница во Болоња на 28 февруари со температура од 40,7 степени.
Истиот ден и беше потврден Ковид-19.
Таа беше пуштена од болницата на 6 март и остана во самоизолација бидејќи не беше во критична состојба.
Таа од самоизолација продолжи да оди на редовно тестирање и од тогаш таа е четири пати позитивна, а во еден случај резултатите беа нејасни. Нејзиниот последен, шести тест беше исто така позитивен.
„Пациентката беше добро, но тестовите сè уште се позитивни. Ние го проучуваме нејзиниот случај многу внимателно. Колку што знаеме, никој во Италија досега не бил позитивен толку долго време. Состојбата трае не повеќе од четири седмици“ – изјави инфектиологот Лусијано Атард.
Можен е втор бран на вирусот?
Истакнатиот германски виролог Кристијан Дростен предупреди за втор бран на корона вирусот што може да се појави во зима.
Раководителот на берлинскиот институт за вирологија во изјава за австрискиот јавен сервис ОРФ, рече дека пандемијата не треба да се смета за поразена.
– Ние сме во средина на развојот на ситуацијата, ако не и на почеток, изјави Дростен.
Зборувајќи за различните начини на борба, за постепеното олабавување на мерките што веќе се применува во Австрија, тој рече дека Австрија била построга во своите мерки од Германија. Тој советува луѓето колку што е можно подолго да се задржуваат под ведро небо, а не во затворени простори, бидејќи на отворено многу се помали шансите за пренесување на инфекцијата. Очекува релаксација во текот на летото, но зимата би можела да донесе втор бран, кој би можел да биде и посилен од сегашниот.