Познат македонски музичар го воодушеви жирито во најпознатото шоу за ветерани на Балканот
Еден од најемотивните настапи во популарното шоу
Познатиот македонски кантавтор и музичар, Зоран Рудан Цеки, реши да си ја проба среќата во „Никогаш не е доцна“.
Зоран е роден во Скопје и има 57 години, а на својот роден град му има посветено повеќе песни како легендарните „Џабе живиш у Скопје“, „Касно лето е во Скопје“, „Поштарот Петре“ и „Цепај сине“, сите напишани на препознатлив скопски жаргон.
Тој со музика се занимава од најмлади училишни денови, а во текот на својата долга музичка кариера бил дел од повеќе бендови.
Во последно време познат е и по неговиот бенд Бело копче, кој го оформуваат пред неколку години, а е реплика на „Бјело дугме“.
Приватна архива
Ова всушност е „трибјут“ бенд на легендарниот југословенски состав, а водителот на „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ, го замоли Цеки доколку помине во следниот круг да дојде со целиот бенд во емисијата.
„Имав бенд кој се викаше „Рок систем“. Имав два паралелни светови, ги сакав и „Бјело дугме“ и „Шарло акробата“, а тие се неспоиви. Некое време работев во пошта и тоа не беше за мене, не можев долго да издржам. Музиката секогаш ми беше тука“.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
„Децата пораснаа и се отселија, сега сме само јас и сопругата“, вели Цеки пред камерите воодушевен од грандиозната сцена.
Од неговата изведба беа воодушевени сите, а присутните го наградија со овации и аплауз бидејќи ја препознаа неговата посветеност.