Познат австралиски весник воодушевен од идентитетот на Македонците – погледнете како на нивните страници се вее Сонцето од Кутлеш
Австралискиот весник „Champion“ (fairfieldchampion.com.au) на насловната страна објави фотографија од македонски игроорци со наслов Горди на својот идентитет.
Тие на првите страни од весникот објавија цела сторија за младите македонски игроорци од културното уметничко друштво Илинден од западен Сиднеј.
Насловот на сторијата гласи Горди на идентитетот, а покрај текстот за младите игроорци кои настапија и ги воодушевија сите на фестивалот на македонската храна стојат и неколку фотографии во чија позадина се гледа знамето со Сонцето од Кутлеш кое поради притисоците од страна на Грците, Македонија мораше да го смени.
Сонцето од Кутлеш на црвена позадина се наоѓаше на официјално знаме на Македонија се до 1995 година, кога поради спорот со Грција беше сменето.
Во прашање е древен македонски симбол кој беше пронајден во 1977 година, во Кутлеш (Егејска Македонија), на гробот за кој се претпоставува дека е на таткото на Александар Македонски, Филип II Македонски. Од тука овој симбол го носи и името Ѕвездата од Кутлеш или Сонето од Кутлеш и истиот може да се најде и на бројни други места низ Македонија (цркви, фрески, икони, монети, штитови пронајдени во археолошките ископувања, мозаици и сл).
Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде каде што живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Општина Пустец во Албанија каде што живее бројна македонска заедница која претставува над 98% од населението во овој регион.
Инаку, културното уметничко друштво Илинден постои само неколку години, но досега има постигнато бројни успеси и важи за едно од омилените на младите Македонци кои живеат во западен Сиднеј, Австралија.
Извор: Шило магазин, Гламур магазин, fairfieldchampion.com.au