Живееме во време кога социјалните мрежи и фотографирањето е дел од нашето секојдневие.
Некои тоа го прават постојано, некои се обидуваат да го избегнат истото, но на сите ни е јасно дека добрите фотографии споделени на социјалните мрежи ги шират и одржуваат пријателствата, ако ништо друго барем во виртуелниот свет. Токму затоа и сите се имаме обидено да направиме совршена фотографија, без разлика колку тоа ни било успешно, и имаме откриено дека постојат правила на игра кои доколку ги следиме, полесно ќе стигнеме до целта.
https://www.instagram.com/p/BmT027_gSnV/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Тоа го вели и Ева Чен, дамата која стои на чело на одделот за мода на Инстаграм, која на јавноста и ја претстави „baby giraffe“ позата, а со која нозете ќе ви изгледаат подолги и поубави со секое ново фотографирање.
https://www.instagram.com/p/BlDWojqBewK/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Позата го носи тоа име бидејќи Ева вели дека ја потсетува на мала жирафичка во движење, а клучот се крие во поставување на едната нога пред другата и благо подигање на колкот. Секако ваквите пози веќе милион пати сме ги виделе и на црвениот килим, а оваа проверена рецептура најчесто ја користат девојките како Емили Ратајковски, сестрите Џиџи и Бела Хадид, Кајли и Кендал Џенер…
https://www.instagram.com/p/BklQs94HBit/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Но сега познатата поза доби и свое официјално име, па доколку сакате да повежбате доволно е само на Инстаграм да го пребарате хаштагот #babygiraffepose, да најдете интересни примери и да почнете да се забавувате.
https://www.instagram.com/p/BjeoWSLjZoJ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BlYciGInUVR/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control