Подобро да не се враќа од Германија! Мајка му на Дарко Лазиќ откри пикантерии за него, но и во каков однос е со Марина Гагиќ

Пејачот Дарко Лазиќ замина во Берлин каде треба да преговара за нова работа, но и да ги среди работите околу неговата преселба во оваа земја.

Неговата мајка, Бранка Лазиќ, за медиумите порача дека не сака да се меша во неговите работи, но и дека го советува да започне нов живот во Германија.
„Дарко се обидува да заработи за своите деца. Тој е посветен татко. Беше корона, не работеше, па и немаше толку, но штом ќе почне да заработува ќе им даде и на Лорена и на Алексеј, како и до сега. Ќе си дојде од Германија на неколку дена па повторно ќе се врати. Има нови планови, и јас го поддржувам во тоа. Го советувам да остане таму да живее и да не се враќа тука. Само да дојде повремено децата да ги види, мене и братот, но да не се враќа за постојано“.

„Таму му е подобро отколку тука, заради се“ раскажува неговата мајка Бранка па се осврна и на бројните проблеми што Дарко ги има.
„Веројатно судбината му е таква… Мој е и јас го бранам. Се обидувам се да поднесам. Како син секога бил добар и посветен, добро дете е“, вели неговата мајка.

Како што пренесуваат медиумите, Дарко во Германија разработува план околу бизнис и кафеана која што сака да ја отвори. Има закажано настапи во Швајцарија, па мора да настапува за да заработи и да ги вложи парите, бидејќи нема капитал, а неговото семејство го поддржува во намерата. Најпрво сакал тоа да го направи со Марина и синот, но откако го оставила, решил да замине сам. Тој наводно бил во лошо друштво, а сега планира да сврти нова страна во живот и да се посвети на својата музичка кариера.

Неговата мајка, Бранка, истакна дека контактира со Марина, но не и со Ана Севиќ, со која Дарко исто така има син.

„Со Марина се слушам, но не и со Ана. Кога е Марина во прашање, разговараме за детето. Децата се добри“, истакна Бранка.
„Марина знаеше дека Дарко ќе оди уште пред да го остави, знаеше“, откри таа за медиумите.

Што се однесува до Марина, таа неодамна откри дека со пејачот не живее веќе некое време.
Како што вели таа, тој е слободен човек, може да прави што сака, а причините се повеќе од јасни.
„Мислам дека не му доликува вакво однесување, но Боже мој, негов живот, негова работа. Мислам дека е крајно време да се стави точна на сето ова“, истакна неодамна поранешната свршеница на Дарко.
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ