Реклама
Вирално

Подгответе се за вториот бран, доаѓа мрачна корона – зима: Пристигна предупредување од врвни европски лекари

Реклама

Европа мора да се подготви за вториот смртносен бран од коронавирусот зимава, предупреди д-р Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација за Европа.

Тој рече дека е многу загрижен дека порастот на инфекции ќе се поклопи со други сезонски болести, како што е грипот.

Д-р Клуге истакна дека сега е време да се подобри здравствениот систем со поголем број на кревети, за да може земјите да бидат поподготвени да прифатат повеќе пациенти.

Маркетинг

Исто така нагласи дека сега е време за „подготвка, а не за прослава“ ширум Европа – дури и кога дневниот број на заболени и починати од коронавирусот опаѓа.

Обединетото кралство во неделата забележа 170 починати, што е најмал број откако е воведена блокадата, но владата е загрижена дали ова би можело да се заврти обратно доколку мерките премногу брзо се олабават.

Маркетинг

Д-р Клуге истакна дека, иако бројот на заболени од коронавирус во земјите како што се Велика Британија, Франција и Италија почне да опаѓа, тоа не значи дека пандемијата се ближи кон крајот.

Додаде дека земјите треба да го искористат ова време да мудро да учат од првиот бран инфекции и да започнат засилување на системот на јавното здравство.

Тоа значи, според неговите зборови, изградба на капацитети во болниците, единиците на примарната заштита и интензивната нега.

– Сингапур и Јапонија рано научија дека не е време за прослава, туку за подготовка. Тоа го прават и скандинавските земји – не го исклучуваат вториот бран, но се надеваат дека ќе биде локализиран и дека можат брзо да контролираат, додаде тој.
Д-р Клуге рече дека епицентарот на пандемијата се поместува од западна кон источна Европа. Во следните недели се очекува драматичен пораст на заболените во Русија, Украина и Белорусија.

Речиси сите научници се сложуваат дека инфекцијата повторно ќе се појави во вториот бран во отсуство на вакцина или лек за коронавирус.

– Многу сум загрижен поради двојниот бран – во есен може да имаме втор бран од ковид -19 и уште еден, сезонски грип или мали сипаници, предупреди лекарот.
Многу експерти ставуваат дека вториот бран би можел да биде уште посмртоносен, споредувајќи го со шпанската треска од пред 100 години, кога имаше 50 милиони жртви. Вториот бран беше посmртоносен од првиот.

– Од историјата знаеме дека во случај на пандемија земјите кои не се рано погодени можат да бидат погодени во вториот бран – рече Клуге.

Експертот е загрижен поради новите жаришта во Африка и на другите континенти кои се помалку погодени.

Во исто време во Европа, плажите во Италија, Грција и Франција се отворени од саботата.

И Шпанија во понеделникот почна со попуштање на некои мерки за половина од 47 милионите жители, па ги отвори кафулињата, рестораните и хотелите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button