Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете со каква убавица се гушка пејачот Аца Лукас

Реклама

Нема маж што нема да му љубомори кога ќе види како изгледа девојката со која е во прегратки.

Познатиот пејач главната улога во спотот и ја додели на атрактивната манекенка

Маркетинг

Аца Лукас наскоро своите фанови ќе ги израдува со нов спот. Во прашање е екранизација на песната „Мој живот“.

Интересно е што главната улога во спотот ја има атрактивната манекенка Јована Ѓорѓевиќ која изгледа неверојатно.

Маркетинг

„Нова песна, нов спот, НОВИ УБАВИЦИ“ објави Лукас на својот профил под фотографијата на која позира со убавата девојка.

Инаку, Лукас неодамна се најде во центарот на вниманието откако во Црна Гора направи вистинска драма со неговата девојка. Во прашање е Николија Нина Лачевиќ од Подгорица со која наводно најпрво жестоко се расправале во раните утрински часови, а потоа дошло и до физичка пресметка во познатиот хотел, објавија српските медиуми.

Тие мораат да се гледаат само во Црна Гора бидејќи на Николија и е забранет влез во Србија. Инцидентот се случил по настапот на Лукас.

Нина за„Телеграф“ изјави дека Лукас се однесувал нечовечки кон неа. За време на настапот и двајцата биле нервозни, па и порачал да не гледа во него додека е на сцената, а потоа ја обвинил дека му го расипала концертот. Нему пред настапот нешто не му било добро, па најверојатно затоа и бил нервозен. Потоа и кажал дека за такви работи се расправал и со неговата поранешна сопруга и дека не сака историјата да му се повторува. Кога стигнале во хотелот, почнал да и зборува со повисок тон, а таа му кажала да се смири. Во еден момент ја турнал и таа паднала, по што почнале да се удираат.

„Нему толку му беше лошо што му идеше вода на устата, а јас помислив да не е епилептичен напад, па му дадов газиран сок. Набргу дојде полиција, а јас во полициската станица кажав дека имавме само вербално недоразбирање бидејќи ми беше жал за него. Цело време ме молеше да не го обвинам затоа што веќе има проблем со насилство. Не сакав да останам со него, па решив да се вратам во Подгорица. По пат повраќав и јас, па директно заминав во болница и направив лекарски преглед“, вели Нина за „Српски Телеграф“.

Потоа атрактивната бринета се предомислила, па решила да го пријави фолкерот во полициска станица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button