Реклама
Вирално

Погледнете, на Ненад сепак му исчезна крстот на челото од кој се ширеше мирис на темјан

Реклама

Божјо чудо или лута пиперка?

Фото: Курир.рс

Веста за Ненад Пауновиќ (33) на кого за време на големите празници му се појавува крвав крст на челото го заокружи регионот и предизвика бура на социјалните мрежи.

Но како што пренесуваат медиумите, Ненад изгледа заборавил дека деновиве беше и Свети Василиј Велики, па крстот не му беше крвав, а доказ за тоа е фотографијата што ја направиле новинарите на „Србија данас“. На неа се гледа само белегот што го има Ненад на челото.

Маркетинг

Но како што и самиот Ненад при гостувањето во телевизиите изјави, белегот по празниците му се губи. Тој дури и ги покани новинарите да му дојдат на гости и да се уверат дека нема никаков белег на челото.

Фото: Србија данас.рс

Според коментарите на социјалните мрежи, ретки се оние кои му веруваат на Ненад, иако историјата со стигматите е многу долга. Многумина се скептични и сметаат дека Ненад од Панчево користи пиперка за да го иритира овој дел од телото и дека раната самиот си ја нанесува.

Маркетинг

Божја мистерија или превара?

Оние што имаат стигмати на телото на докторите обично им кажувале дека раните им настануваат откако ќе се разбудат од длабок сон во кој сонувале библиска сцена на paспетието. За овој феномен имал своја теорија дури и светски познатиот психолог Сигмунд Фројд. Тој смета дека во прашање е феномен на потиснување на сексуалната енергија кај личноста, која нема можност во доволна мерка да ги задоволи своите физиолошки потреби и да се реализира во полниот живот, како што тоа многу често се случува кај претставниците а свештенството и длабоките религиозни луѓе.

Како на Ненад му се појавил крстот

Ненад вели дека тоа му се случува веќе 10 години од денот кога бил кум на крштевање на својот пријател.

За време на обредот свештеникот со крстот поминал на неговото чело и тогаш почнало да го пече и да му тече лимфа, а по еден час се појавил и крстот. Отишол во болницата да го прегледаат, па се вратил до свештеникот да го земат маслото за да проверат од што се’ состои, да не е алергичен на нешто. Но во прашање било обично масло за јадење. Направил анализи и дали е алергичен на нешто, но резултатите биле негативни. Подоцна бил и кај невропсихијатар и никој нема објаснување за она што му се случува. Единствено му кажале дека можам сам, со своите мисли, да предизвика таква реакција.

Медицинско објаснување

И додека за едни стигматите се религиозен феномен, постојат документи за луѓе на кои им е дијагностицирано многу ретка состојба на хематохидроза – оболување кое предизвикува на заболените да им се лачи крв низ кожата.

Но оваа болест е многу ретка, се случува на еден од 10 милиони луѓе и за неа науката знае многу малце. Се смета дека кога вознемиреноста ќе се зголеми, капиларите што ги опкружуваат рецепторите за потење се собираат до точка на пукање, што доведува до искрварување на крвта до површина на кожата, преку потта. Некои психолошки студии пак, ги окарактеризираа стигматите како психосоматско заболување. Оние што имаат вакви рани обично се екстремно религиозни луѓе кои минуваат многу време фокусирајќи се на страдањето на Исус Христос. Бидејчи хематохидрозата е тесно поврзана со стресот, можно е интезивна и стресна религиозна медитација да предизвика вакво крварење.

Но како што вели Ненад, тој не е некој голем верник и ова што му се случува само му ја засилило верата во Бога. Тој не оди редовно во црква и повеќе сака да посетува манастири, а крвавиот крт му се појавува за велигден, за Богојавление и за Божиќ. И тоа му се случува цела деценија. „Трае седум дена и потоа не останува ни белег“, вели Ненад.

Па, дали му верувате?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button