Јелена од Драчево го промени имиџот
Една од најпознатите млади македонски актерки, Јелена Јованова, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е без грам шминка на лицето, а нејзините фанови коментираа дека вака е дури и поубава.
Харизматичната Јелена која македонската публика ја воодушеви со својата генијална улога на симпатичната и по малку „луцкаста“ Јелена од Драчево, во серијата „Преспав“, има два профила на Инстаграм.
Имено, едниот е токму за нејзиниот лик од оваа серија на кој можете да видите бројни фотографии од снимањето на „Преспав“, додека на другиот објавува фотографии на кои е онаа вистинската Јелена, од приватниот живот.
Таа во моментот снима и нов филм, „Опрости“, а од септември започнува со снимање на четвртата сезона на Преспав.
На снимањето на серијата „Тајни“ ќе се запознае со хрватскиот актер Стјепан Периќ со кого ќе заплови во брачните води.