Погледнете колку е еластична ќерката на Велија Рамковски – како да е направена од гума!
Лејла Рамковска е згодна благодарение на јога.
Тоа за неа е животен стил, а не само обични вежби што ги практикува секој ден, ни објасни Лејла во своето интервју од пред неколку месеци за нашиот магазин.
Ние секако дека и веруваме во тоа, бидејќи секако дека не е единствената што се колне во јогата. Многу познати манекенки и актерки го одржуваат своето тело благодарение на оваа древна вештина, а меѓу нив ќе ги спомнеме Алесандра Амбросио, Адријана Лима, Мелани Грифит и мнооогу други.
https://www.instagram.com/p/B3Wl2cPHTpF/
Но како изгледа Лејла која е инструкторка по Аштанга јога, додека ја практикува оваа вештина, можете да видите на нејзиниот Инстаграм профил.
Имено, ќерката на Велија Рамковски на социјалните мрежи редовно објавува фотографии и видеа од кои можеме да видиме како изгледа додека некој вежба јога.
Од фотографиите и видеата можеме да видиме дека русокосата убавица е мошне еластична и дека без проблем може да направи пози кои ние, искрено, нема шанси да ги повториме (без да скршиме нешто). Таа сака да биде во удобна облека кога вежба, па најчесто носи тренерки или хеланки додека вежба, но не ретко знае да ги почести своите фанови и со фотографии на кои вежба во костими за капење.
Па, доколку се уште не ја следите на Инстаграм, направете го тоа сега и уживајте во преубавите фотографии.