Турската актерка Неслихан Атагул Догулу македонската јавност ја памети по улогата на Нихан во серијата Карасевда.
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу
Неслхан во Карасевда го глумеше ликот на сликарката Нихан, во која Кемал Сојдер, кој го толкуваше Бурак Озчивит, ќе биде лудо вљубен, а заради нејзината харизма и убавина се шушкаше дека познатиот актер паднал на нејзиниот шарм за време на снимањето на серијата.
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу
25- годишната убавица реши една година да се држи настрана од ТВ сериите, па оваа сезона фановите нема да ја гледаат на малите екрани во нова улога.
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу
Сепак, таа реши да се посвети на нешто поразлично од актерството.
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу
Додека нејзиниот сопруг, впечатливиот Кадир Догулу (35) е на снимањето на серијата „Гревот на таткото“, Неслихан паузата ја искористила за снимање реклами за познати брендови, а сега таа и Кадир добиле понуда која не можеле да ја одбијат: ИТ компанија им понудила околу 900.000 евра за да снимат рекламна кампања наменета за целото семејство.
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу
Пред тоа, предметната компанија спроведе анкета за да утврди во чија љубов најмногу веруваат нивните потрошувачи. Погодувате, Неслихан и Кадир добија најголем број гласови!
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу
Покрај професионалните фотографии на кои секогаш изгледа перфектно од глава до пети, познатата актерка често објавува и потполно обични фотографии на кои исто така изгледа неодоливо, а некои од нејзините најубави изданија погледнете во продолжение.
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу
фото инстаграм/Неслихан Атагул Догулу