Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каков фраер бил Тошо Малеро во младоста – на оваа ФОТОГРАФИЈА нема да можете да го препознаете!

Реклама

Публиката го засака како Тошо Малерот, а до ден денес се паметат неговите скечеви и хумор.

К-15 е хумористичното шоу со кое пораснаа многу генерации. Започна да се емитува во 1990 година, а траеше 20 години.

Маркетинг

К-15 е основано и оригинално го сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваат и други глумци. Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.

Тошо Малерот (Васко Тодоров) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15.

Маркетинг

На Тошо најчесто му се случиваат незгоди и неправди, па оттаму и неговиот прекар Малерот. Тошо често користи Скопски сленг и е познат по фразата „батка“ која ја користи кога се обраќа некому но и по навика.

ФОТО: Фејсбук

Во итервју во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија, Васко Тодоров откри дали и во реалниот живот го прати малер, како и во К-15.

„Не, мислам дека тоа е единствениот лик што носи среќа. Што ги усреќува луѓето кога ќе го видат. Првиот концепт на ликот беше таков, тој сакаше да биде нешто паметен, многу ваков, многу таков, всушност не го биваше толку. Така остана Тошо Малерот, па батка и така натаму“, кажа Васко.

ФОТО: Фејсбук

Она за што медиумите пишуваа пред извесно време е несреќата која актерот ја доживеа поради невремето кое беснееше во Скопје.

Поради невремето, се одрони фасада од една зграда во скопската населба Козле и падна врз автомобилот на актерот.

Актерот откри дали добил отштета за тоа што се случило.

„Чекам уште, кај нас таа административна процедура е малку комплицирана. Имав штета, бев во општина Карпош, таму се формира предмет, па тој оди вонекое друго биро за вештачење, па некоја комисија. Кај нас има една изрека ако нешто не треба да се заврши, се формира комисија“, кажа Васко.

ФОТО: Фејсбук

За него ова не е прва несреќа. И автомобилот на неговиот сосед кој бил ставен во лер удрил во возилото на Васко.

„Ништо не беше тоа страшно. Многу фино стоиме со соседот. Немаше виновен возач. Случајност“, кажа Тодоров.

ФОТО: Фејсбук

Актерот е идол на многу млади лица, а и покрај тоа што К-15 веќе долго не постои, публиката сѐ уште ги памети ликовите и ги препознава на улица.

„Не ми пречи, затоа што луѓето го препознаваат тоа што го работам јас. Секогаш да се насмееш е корисна работа, смеењето е здравје и не ми пречи воопшто. Сите работи да се свртат на комика. Нема ништо лошо во тоа.

Драго ми е што многу млади луѓе, и со книгата што ја издадов ја изненадив, што најголем дел од тие што ја купуваат книгата се млади луѓе кои што не биле ни планирани, а не родени ние кога снимавме К-15. И млади деца. К-15 е уште жива приказна и мене ми е тоа најголемо признание.“

„И многу сум горд. К-15 не постои веќе скоро 8 години и уште е жива и многу гледана на Јутјуб и нови генерации растат со тоа и многу ми е драго“, кажа Тошо Малерот.

ФОТО: Фејсбук

Тој откри како започнало сѐ и како одличиле да започнат со снимање на К-15.

„Јас и Бранко сме другари од детство. Ние почнавме прво на радио, тие ликови почнаа како радио ликови, после тие монолози јас ги направив како видео скечеви. Кога почнавме не знаевме колку ќе трае. Луѓето го прифатија, тоа беше наш начин на хумор. Луѓето се најзаслужни. Ако луѓето не го прифатеа немаше да постои. Јас можам да викам знаеш коку е смешен скечот, ако никој не го гледа… Затоа и постоеше 20 години.

„Беше малку чудно. Им беше чудно на сите. Немало ништо слично пред тоа. Тие ликови ги направивме како карикатури. Таков не можеш да сретнеш на улица. На сите им беше чудно. Сите викаа кои се овие сега, кретени“.

„Меѓутоа легна целата приказна, им легна на сите. Прво беа зачудени, добар дел беа збунети“, раскажа Васко.

ФОТО: Фејсбук

Иако се едни и единствени и никој не може да ги замени, сепак на сцената се појавуваат нови генерации комичари кои се исто така подеднакво квалитетни.

Но, публиката секогаш се враќа на К-15.

На прашањето дали може некој да го наследи, Васко одговори:

„Зошто да не. Фчерашни има извонредна екипа. Правиме муабет за различни концепти. Нема имитирање. Ние не сме го напраиле К-15 за да кажеме е вака се праи. Хуморот има милион варијанти. К-15 е еден вид на хумор. Може К-16 ќе направи некој. Има млади луѓе, имаме глумци млади. Сигурно ќе се појави некој. Има извонредни млади таленти. Сигурно ќе се појави нешто“.

ФОТО: Фејсбук

Тој раскажа и какви анегдоти доживувал за време на снимањата.

„Ни се случувало, многу пати, сѐ и сешто. И нас нѐ фаќало смеа. Ќе не фати смеа и правиме пауза. Бегај да не те гледам и ти не ме гледај. Не можам да се сетам на нешто посебно. Се сеќавам на едно снимање скршив 5 ребра. Тоа на снимање за „Балкан кан“. Имаше некоја ноќна сцена и паднав. Треба да знаеш да паднеш. Во самото трчање, се лизнав и паднав. Треба да знаеш да паднеш има некои ќе паднат и ништо нема да им се случи. Месец и пол беше закрепнувањето“, раскажа актерот.

ФОТО: Фејсбук

Она што малкумина го знаат е тоа дека Тошо работел и во Казнено поправниот дом „Идризово“.

„Таму има луѓе. Јас работев таму скоро 2 години. Работев како воспитач, јас сум социолог по професија.“

„Кога влегов првпат во таа капија, прв ден вработување, и ја затори вратата после мене стражарот. Првата мисла ми беше „овој ќе ме познае ли кога ќе се вратам назад да си одам дома, да не не ме пушти“, се пошегува тој.

Рaскажа и од каде црпел инспирација за неговата книга „Монологија“.

„Тие ликови што ги направивме као радио ликови, најголем дел од тие монолози се напишани пред К-15. Монологија е кога се обраќаш сам на себе. И баш ми е драго што тие монолози се уште живи. Точна инспирација за книгата ми беше Јована од Фчерашни. Јована со Пеџа што си живеат заедно. Кога се вратив од Австралија, Јована ми кажа „знаеш ли што правиме ние дома. Си ги вадиме монолозите видео и си ги пишуваме на лист и си ги читаме“. Си имам јас архивата дома, не ги чувам сите. Криво ми е што имам многу и фрлено. Има некои и што не ги ставив. Ова е баш бест оф. И првата книга на Пеџа и Јована им ја подарив. И многу убаво излезе тоа и се продава.

Ваква книга веќе нема да напишам. Може нешто друго. Ова е бест оф.

Немаше промоција Ја направив во сред корона. Се договоривме со издавачката куќа да ја пуштиме. Не знаеме до кога ќе трае короната. Јас имав планирано промоции, но короната нѐ поремети. Без разлика на целата криза добро помина и добро поминува“, откри Васко и ги кажа следите планови на него и Брано Огњановски.

ФОТО: Фејсбук

„Планираме нови проекти. Имаме во план. Нешто ќе правиме. Треба да биде изненадување. Тоа ни е нас работа, сигурно ќе има нешто. Од септември планираме дефинитивно. Ние сме хумор и сатира. Сите ќе бидете известени“, заврши актерот во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија.

Фото: Принтскрин

Во продолжение погледнете и неколку фотографии од почетоците на Тошо Малеро и Миле Паника.

Фото: Фејсбук/ Бранко Огњановски

Фото: Фејсбук/ Бранко Огњановски

Фото: Фејсбук/ Бранко Огњановски

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Фејсбук/ Бранко Огњановски

Фото: Фејсбук/ Бранко Огњановски

Фото: Фејсбук/ Бранко Огњановски

Фото: Фејсбук/ Бранко Огњановски

Фото: Фејсбук/ Бранко Огњановски

Фото: Принтскрин

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button