Погледнете каков подарок доби Гавазова од својот сопруг за „Денот на ВЉУБЕНИТЕ“ – пејачката веднаш се пофали со него!
И пејачката го слави празникот на љубовта
Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова доби преубав подарок за „Денот на вљубените“ од својот сакан.
Таа се пофали со изненадувањето на социјалните мрежи.
Во прашање е букет со црвени ружи, а пејачката не крие колку е среќна и задоволна од подарокот, па го сподели на Инстаграм.
Гавазова и за празникот на љубовта не остана без знак на внимание од својот сопруг Јасмин Курузовиќ.
Таа реши да се пофали со подарокот, а преку објавата на Инстаграм воедно и му се заблагодари на сопругот.
Инаку, Гавазова и нејзиниот сопруг во брачните води запловија пред седум години, кога направија и раскошна свадба за роднините и пријателите, а пред неколку години решија да се вратат да живеат во Македонија за пејачката да може да ја продолжи својата музичка кариера.
Тие претходно живееја во Шведска, каде го сретна својот животен сопатник и каде им се родија ќерките Емили и Селена.
Гавазова денес ужива во својот семеен живот, а Јасмин, кој по потекло е од Босна, се грижи за нејзината кариера.
БОНУС ГАЛЕРИЈА
Гавазова во акција
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова