Погледнете каков лепотан е синот на Жика Јакшиќ: Тој е негова најголема гордост- водителот пресреќен поради успесите на Андрија
Тие се многу блиски...
Продуцентот и водител на емисијата „Никад није касно“ , Жика Јакшиќ има помал син со Дајана Пауновиќ, но и постар син Андрија, кој неодамна се ожени.
Жика се гордее со својот наследник Андрија Јакшиќ, кој воедно е и најмладиот енолог (експерт за вино) во Германија, а на својот татко му направи вино на кое стои напишано „Никад није касно“ според емисијата што ја води.
Наследникот на Жика не сака да се експонира јавно и водителот ја почитува неговата одлука.
Андрија еднаш откри дека се плаши од брак, бидејќи многумина го претставуваа како „затвор“, а денес ужива во брачна заедница со својата избраничка.
„Еден месец за време на нашиот заеднички одмор имав можност да ја набљудувам Јехослава и да набљудувам дали е темпераментна или повлечена девојка. Веднаш ми се допадна и по примерот на моите родители, по две години врска, размислував за тоа, да ја запросам. Многу луѓе ми велеа дека “Бракот е затвор, но јас уживам. Никогаш во животот не сум се чувствувал подобро”, изјавил наследникот на Јакшиќ.
На интимна церемонија во Германија, Андрија и Јехослава го кажаа судбоносното „да“, а неколку месеци подоцна се преселија во Србија, во Бежанијска коса со водителот.