Погледнете како ужива Аца Лукас покрај својата нова девојка – за луксузниот одмор со русокосата убавица платил 15.000 евра!
Пејачот Аца Лукас не крие дека има нова девојка
Познатиот фолкер и Јована Дорошки деновиве решија да скокнат до преубавата Италија и да уживаат во преубавите плажи. Како што пишуваат српските медиуми, Лукас ја пронашол својата среќа покрај оваа русокоса убавица, а сега решија да заминат на романтично патување.
Тие заминаа на островот Капри, едно од најубавите места за летување кое се наоѓа во јужна Италија. Пејачот на својот профил објави неколку фотографии и видеа од кои можеме да видиме како ужива заедно со саканата додека пловат со своето бротче по преубавото тиркизно море.
Пејачот кој е мошне зафатен со настапи во последно време, за својот годишен одмор со новата девојка ќе потроши неверојатни 15.000 евра. Но како што пренесуваат медиумите, на Лукас воопшто не му било важно колку ќе плати за ваквиот луксуз на Капри. Покрај аранжманот тој платил и поприлично солена цена за да има и јахта на располагање, а како си поминува, погледнете во продолжение.