Погледнете како синот на Амди Бајрам на граѓаните од ИСЛАМСКА ВЕРОИСПОВЕД им честиташе Рамазан Бајрам (фото)
Советникот на Град Скопје, Габриел Бајрам (42) кој е син на починатиот пратеник Амди Бајрам, и претседател на Сојузот на Ромите, на сите граѓани од исламска вероисповед им го честиташе Рамазан бајрам.
Синот на починатиот македонски пратеник Амди Бајрам им го честиташе на граѓаните од исламска вероисповед Рамазанскиот бајрам со порака да го поминат во мир, здравје и празникот да донесе среќа, радост и бериќет во секој дом.
„Денес е Голем ден, голем празник за секој од нас. Мубарек Рамазан Бајрам на сите муслимани во целиот свет. Денес, се поклони се што е создадено на овој свет, да го слави Аллах како еден и единствен Господ севишен. Посакувам радост, среќа и бериќет во секој дом. Хармонија и благодат на сите семејства. Добрината, милоста и хуманоста кај секој човек да продолжи во текот на целата година. Нека месецот Рамазан не научи сите дека мирниот и спокојниот живот го исполнува срцето и го задоволува Алах. Да се трудиме пороците да ги оставиме во нашето минато а добрината и молитвата кон Господ да ни биде пракса. Мубарек Бајрам“, напиша Габриел на социјалните мрежи.
Габриел празникот го прослави заедно со семејството во својот дом, а објави и дел од раскошната трпеза по месечниот пост.
Инаку, Габриел неодамна на социјалните мрежи се пофали и дека наскоро по втор пат ќе стане дедо.
Имено, неговиот син Валентин кој неодамна се ожени заедно со снаата Деби ќе добијат ќерка, па Гариел која ја дозна среќната вест ја сподели на социјалните мрежи.
„Во изминатиот период научив една важна работа. Богатството, на еден човек не се мери во пари, а тоа не може ниту да се стави во кантар. Човек е богат само ако е среќен, живее во хармонија и радост. Станав дедо, се роди Лаура, нека е жива и здрава. Таа среќа и тоа чуство се зголемува во мене, од ден на ден. Дознавме дека, од мојот син и снаа, Валентин и Деби, ќе имаме внука. Нека им е среќна и бериќетна ќеркичката на моите најмили. Нека се роди во хармонија и да расне и порасне.
Колку е убаво чувството!“ објави тогаш советникот.
Тој од ќерката Перјан во 2021 година ја доби првата внука Лара која му донесе огромна среќа во животот.
Повеќе фотографии од празничната трпеза по месечниот пост на Бајрам погледнете во продолжение:
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива