Погледнете како изгледаше љубовното гнездо од 45 милиони евра на Бред Пит и Џенифер Анистон
Иако не се заедно, нивното љубовно гнездо се уште го привлекува вниманието и се продава за фрапантна цена
Имено, во својата најголема љубов Бред Пит и Џенифер Анистон, си купија луксузна вила на Беверли Хилс која сега се продава за неверојатни 44.5 милиони долари.
Тие на лудиот камен застанаа во 2000 година, а решија да се разделат по пет години, односно во 2005 година.
Кога беа во периодот на својата најголема љубов Бред и Џенифер живееја во елитен дел од Лос Анџелес.
Во прашање е луксузна вила на два ката која познатиот пар ја избра за свое љубовно и семејно гнездо.
Вилата има четири спални сопи, огромна трпезарија, како и голема дневна соба која излегува на базен и бајковит двор преполн со зеленило.
Во близина на куќата има и тениско игралиште, како и посебна куќа наменета само за престој на гости.
Интересно е и тоа што деновиве медиумите пишуваат дека Бред и Џенифер повторно биле видено заедно.
Имено, тие наводно се во контакт од нејзиниот последен роденден и сакаат да бидат пријатели. Затоа и Бред Пит присуствувал на божиќната забава што во својот дом ја организираше Џенифер Анистон каде поранешниот пар се дружеше со голем број славни фаци и го украсуваа божиќното дрво во нејзината куќа.
Како што пишува магазинот „People“, тие напредувале многу од нивниот брак и планираат засекогаш да останат пријатели.