Еди Рама не можеше да издржи и пушти солзи пред камерите – неговата снаа и целото нејзино семејство ги изгубија животите под рушевините
Меѓу жртвите на разорниот земјотрес што ја погоди Албанија е и свршеницата на Грегун Рама, синот на премиерот на Еди Рама.
„Под рушевините е најдена и мојата свршеница, заедно со нејзиниот брат и татко“, напиша Грегор Рама на Инстаграм.
Животот го изгубија и таткото на неговата свршеница, Едуард, мајката Долора и синот Клаус
И додека премиерот беше во посета на подрачјата кои беа погодени од земјотресот, новинарот го праша за веста што му ја пренесе синот. Тој порача дека не може да зборува за работи кои се премногу лични, па реши да го прекине разговорот и се оддалечи од камерите.
„Не можам да зборувам за тоа. Се наоѓам во позиција која е многу тешка за објаснување“, изјави Рама пред камерите.
Кристи Реци (24) и синот на Еди Рама, Грегун (29), беа во врска неколку години, но за нив знаеја само најблиските и пријателите.
Кристи беше дипломиран дерматолог
Покрај неа настрадаа и таткото Едуард (54), мајката Долора (49) и нејзиниот брат Клаус кој имаш само 21 години.
Трагедијата се случила додека спиеле. Тие живееле во зграда од шест ката која се сруши од силниот земјотрес.
Мајката била фризерка, а таткото службеник. Помладиот брат е пронајден во прегратките на мајката.