Манекенката прв пат во јавноста по венчавката, но без сопругот
Манекенката Емили Ратајковски минатата недела ги изненади сите кога на социјалните мрежи објави дека се омажила. Таа во брачните води заплови со релативно непознат актер и продуцент Себастијан Беар- Мекклардом и тоа само неколку дена откако јавноста дозна за нивната врска. А Емили сега и прв пат е видена по венчавката, а од нејзиниот сопруг овој пат немаше ни траг ни глас.
Новопечената госпоѓа беше забележана пред еден познат холивудски ресторан каде вечераше со пријателките во издание кои не можеше да остане незабележано. Имено, атрактивната 26 годишна манекенка носеше карирано сако со подвиткани ракави, стегнат со ремен во пределот на половината, а под него очигледно немаше ништо, па дури ни градник.
Таа сакото го носеше со обични темни фармерки и шпиц бели чизми, додека комбинацијата ја заокружи со мала црна чанта и златни округли обетки кои сега се и нејзин заштитен знак бидејќи ги носи речиси во сите пригоди.