Погледнете како изгледале во младоста Шенка и Ѓорѓи Колозови – беа и останаа едни од најголемите
Шенка Колозова некогаш и сега
Познатата актерка Шенка Колозова денес го прослави својот 77 роденден
Познатата македонска актерка, Шенка Колозова, денес има посебна причина за славење. Имено, таа денес полни 77 години, а оваа вест израдува бројни обожаватели на познатата актерка.
Шенка има голема актерска кариера зад себе и се има појавено во бројни театарски и телевизиски остварувања.
Принтскрин
Таа е една од нашите најпознати актерки, а со глума започна да се занимава од своја 18-годишна возраст, во штипскиот театар.
Најпозната е по Македонските народни приказни, а првата улога во филм ја добива во 1975 година.
Принтскрин
Станува збор за филмот „Простодушна љубов“ во кој Шенка го игра ликот на Велинка, а потоа се појавува и во култната серија „Волшебното самарче“ која почна да се снима истата година.
Принтскрин
Таа долги години беше во брак со Ѓорѓи Колозов, кој почина прерано, во 2003 година, на 55 годишна возраст.
Принтскрин
Како Шенка изгледала во младоста, на почетокот од љубовта со Ѓорѓи, но и во текот на кариерата, потсетете се во продолжение…
Принтскрин
Принтскрин