Познатата актерка Лидија Вукиќевиќ (57) има два сина
Таа од бракот со поранешниот фудбалер Митар Мркела, кој за жал не траеше долго, доби два сина, Андреја и Давид.
Тие беа во брак од 1991 до 2000 година, а нивната мајка не крие дека е многу горда на своите наследници кои пораснаа во висински мажи.
Нејзиниот помлад син е пилот и наскоро треба да започне да работи во „Ер Србија“, додека нејзиниот постар син е успешен спортски менаџер.
Тие се успешни и добри момчиња, изјави Лидија за Телеграф.
„Не се разгалени, останаа нормални. Мојата работа и кариера не влијаеше на нив. Тие се надвор од таквите проблеми дека нивната мајка и татко им се познати“, додаде таа за гореспоменатиот портал.
Инаку, актерката која што се прослави со улогата на Виолета во хит серијата „Подобар живот“ и покрај своите години се уште изгледа неверојатно. Таа на социјалните мрежи не ретко објавува фотографии од кои можеме да видиме дека и во шестата деценија има тело на кое можат да и завидуваат многу помлади колешки, а многу често позира и во бикини.
Но и кога е облечена од глава до пети знае како да го извади максимумот од себе, што можеме да видиме и од следниве фотографии.