Погледнете како изгледа спалната соба на Сузана Гавазова – селфи ФОТОГРАФИЈА со која ни откри дека е вистинска домаќинка

Познатата пејачка не престанува да ги воодушевува фановите

Откако пред само неколку дена објави неколку фотографии од кои можевме да видиме едно нејзино прекрасно модно издание, но и дел од внатрешноста на нејзиниот дом, Гавазова повторно ги изненади своите верни фанови.
Познатата македонска фолк-пејачка објави неколку фотографии и видеа со кои само сакаше да се пофали со своите нови високи потпетици, но нејзините фанови можеа да видат и како изгледа нејзината спална соба.

Имено, згодната струмичанка не ретко споделува фотографии преку кои можеме да ја видиме внатрешноста на нејзиниот семеен дом, но ова е еден од ретките моменти преку кои фановите имаа можност да видат како е уредена собата која што ја дели со својот сопруг, Јасмин Курузовиќ.
Можеме да видиме дека во собата доминираат розовата, белата и сината боја, но и дека се е под конец.

Сузана Гавазова и Јасмин Курузовиќ се заколнаа на вечна љубов во 2014 година, кога направија и раскошна свадба, а пред неколку години решија да се вратат во Македонија каде пејачката ја продолжи својата музичка кариера.

Дома си е дома
Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.

Но по шест години живот во оваа земја, пејачката и нејзиниот сопруг решија да се вратат во Македонија.

Гавазова која има свој стан во родната Струмица, откако се врати во Македонија реши дека со семејството треба да живее во Скопје, а нејзиниот сопруг, кој по потекло е од Босна, се грижи за нејзината кариера.

Тие се запознале за време на нејзина турнеја во Шведска, а по само еден месец Јасмин толку ја засакал што ја побарал за жена. Таа се согласи, а некое време откако се свршија ги добија и нивните ќеркички Емили и Селена.

Гавазова имаше ветувачка кариера пред да замине да живее кај сопругот, а откако се врати продолжи таму кај што застана. Таа денес важи за една од најпопуларните пејачки во Македонија, а нејзините песни се меѓу најслушаните како на социјалните мрежи така и меѓу луѓето, на свадби и веселби.

Погледнете уште неколку фотографии од кои можете да видите како изгледа домот на нашата позната пејачка, но и каков стил и модни комбинации „фура“ во последно време















