Погледнете како изгледа сопругата на политичарот Мухамед Зекири – испловија фотографии на кои Бисера блеска како божица
Дека љубовта не познава возраст, вера или националност веќе на сите ни е познато, а овој прекрасен пар е доказ за тоа.
Политичарот и Генерален секретар на Влада, Мухамед Зекири и неговата сопруга Бисера се „лудо“ вљубени, а политичарот не се штеди на зборови кога станува збор за покажување љубов кон неговата сакана.
На социјалните мрежи тој често објавува фотографии од неговото семејство и ги опсипува со убави зборови и љубов.
Со оглед на тоа дека Бисера изгледа неверојатно не е ни лудо што Мухамед е вљубен во неа.
Тие се венчаа во 2019 година во луксузниот хотел „Хилтон“, а кум на свадбата беше премиерот Зоран Заев.
На почетокот на новата 2021 година, Мухамед Зекири напиша дека 2020 година беше една од најтешките, но им го донесе најубавото нешто, а тоа е нивната ќерка Далиа.
„2020 беше без дилеми тешка година. Го прележавме вирусот, претрпевме загуби и поминавме разни премрежја.
Но, годината истовремено ни го донесе и најубавиот подарок Далиа Нани и нè научи дека каде што има љубов има и живот, а иднината си го наоѓа својот пат.
На тој пат ви посакуваме среќа и радости во новата 2021!“ напиша Зекири.
Минатата година за нив беше тешка бидејќи го прележаа коронавирусот, но за искуството Зекири во интервју за „ММС“ вели дека било страшно.
– Прво сопругата почувствува симптоми. Почна да поткашлува и веднаш се тестираше бидејќи разбравме дека лице со кое имавме контакт било суспектно за корона. На наше изненадување, сопругата излезе позитивна. Потоа имаше и болки во коските, па го изгуби чувството за мирис и вкус. Утредента се тестиравме и јас и тримесечната ќерка Далиа. Иако бев позитивен, првите денови немав никакви симптоми, но потоа одеднаш кренав висока температура и таа ме држеше повеќе од една недела. Веројатно од терапијата, потоа имав гадење, нагони на повраќање, болки во желудникот, дијареја и поблаг наод на белите дробови. По нашиот пример можам да заклучам дека симптомите кај секој од нас беа различни, исто како и текот на болеста, „рече Зекири.
Завршија на Инфективната клиника, но Зекири вели дека иако поминал можеби најтешко, сепак не се грижел за себе.
– Најголемата грижа ми беше сè да биде во ред со детето и сопругата. Некако најмалку се грижев за себе. А реално јас најтешко поминав. Си дојдов дома со кутија лекови, што морам да ги пијам уште цел месец, рече тој.
На социјалните мрежи Зекири и го честиташе и роденденот на својата сопруга, а истото го направи и по повод нивната годишнина од брак.
„Среќен роденден на најубавото, грижливо, разбирливо човечко суштество на лицето на планетата, кого ќе го сакам и поддржувам до крајот на мојот живот“ напиша тој.
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм
ФОТО: Мухамед Зекири/ Инстаграм