Погледнете како изгледа денес турската актерка која го освои Балканот: Го загуби сопругот и се повлече од јавноста- живее живот подалеку од камерите! (ФОТО)
Се повлече од актерството...
45-годишната турска актерка Озгу Намал која се прослави со улогата на Нарин во серијата „Милост“ ја доживеа најголемата болка пред неколку години.
Таа помина низ многу тежок период бидејќи нејзиниот сопруг, Ахмет Сердар Орал, кој беше 12 години постар од неа го изгуби животот.
Она што јавноста можеби и не го знаеше е тоа дека актерката има македонски корени. Инаку по загубата на сопругот целосно се повлече од јавниот живот и се откажа од кариерата.
Дека нешто не е во ред со Ахмет наводно забележале неговите деца – синот Нефес и ќерката Елем Су.
Но кога виделе дека нивниот татко лежи на подот, веќе било доцна. Бpзата помош пристигнала, но не можеше ништо да сторат.
Заради пандемиските мерки, само околу 20-на луѓе биле присутни на cпpoводот, а Озгу не можела да дојде на последното испраќање бидејќи била пcихички во многу лоша состојба и здравјето нагло и се влошило.
Своевремено ја гледавме во оваа популарна серија во која што ја играше главната улога.
Таа се прослави во 90-тите, пред се со серијата „Affet bizi hocam“ како и со главната женска улога во мафијашката серија „Kurtlar vadisi“ од пред 15 години кога стекна статус на мега ѕвезда.
Но таквиот статус и донесе и проблеми, па некое време се соочуваше со депресија, но од сето тоа се спасила, како што самата вели, со љубов.
„Јас сум типичен хороскопски Јарец, склона сом кон подолги врски и сако такви сакам“, изјави убавата актерка во една пригода која својот сопруг секогаш го нарекувала најголема љубов во нејзиниот живот.