Погледнете како изгледа денес пејачката од Велес што ГИ РАСПЛАКА сите во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)
Нејзината изведба на песната „Ако згрешам нека изгорам“ важи за една од најгледаните на Јутјуб...
Покрај Мики Секуловски уште една велешанка постигна неверојатен успех во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Станува збор за шармантната Мими Ноне (моминско Јовановска), а нејзината генијална изведби на „Ако згрешам нека изгорам“ од легендарниот Пепи Бафтировски и „Животе мој“ од незаборавната Уснија Реџепова ги воодушевија сите, а многумина од публиката и жирито за малку ќе пуштеа и солзи од емоции.
Оваа млада убава дама кога се натпреваруваше во ова шоу имаше само 19 години, а секое нејзино појавување на сцената предизвикуваше емоции како кај нашата публика, така и кај жирито и гледачите од целиот регион каде што се емитува емисијата.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мими својата популарност што ја стекна во шоуто максимално ја искористи, па нејзината музичка кариера стана уште поуспешна.
Но покрај успесите на професионален план, на Мими во изминативе неколку години и се случија многу убави работи и приватно.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Таа во 2022 година се омажи за музичарот Филип Нуне, а веќе во мај следната година се оствари и во улога на мајка.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Нивниот син Никола тогаш стана центар во нивниот свет, а пејачката за многу брзо време се врати во топ форма.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Природна убавица што остава без здив
Таа сега изгледа како никогаш и да не била бремена, но само побогата со сјајот во очите што го имаат задоволните и среќни жени.
Впрочем тоа може да се забележи и од нејзиното последно издание, кога на еден настап блесна во преубава црна тоалета.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Таа позираше со насмевка на лицето, најверојатно свесна дека изгледа како милион долари, предизвикувајќи лавина од реакции.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Како Мими изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…