Погледнете како една од нашите НАЈУБАВИ И НАЈЗГОДНИ водителки го прослави својот роденден (фото)
На овој ден луѓето секогаш ми даваат толку многу љубов што се чувствувам како да летам.
Блескаше од среќа на овој посебен ден…
Шармантната водителка од утринската на „Сител“, Јована Стојменовиќ, имаше посебна причина за славење.
Имено, на згодната водителка и беше роденден, па таа реши на сите да покаже дел од скромната прослава во нејзиниот дом.
Таа позираше во куси кожни бермуди и широка црна блуска, а ја покажа и тортата, но не откри колку години полни.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
„Роденден! На овој ден луѓето секогаш ми даваат толку многу љубов што се чувствувам како да летам. Од срце ви благодарам за секоја честитка, прегратка и убава мисла, која ми ја испраќате на овој ден. Ве сакам!“ напиша Јована во описот на својата објава.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Вистински професионалец во работата
Инаку, шармантната Јована Стојменовиќ веќе долго време е дел од утринската програма на Сител, а самата работа носи стрес и непредвидливост, со оглед на тоа што секојдневно се соочува со различни профили на луѓе кои се јавуваат во емисијата.
Таа во една пригода за Гламур магазин откри како се справува со предизвиците како новинарка и водителка, но и како успева речиси секој ден да стане рано и денот да го започне додека сите ние спиеме.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
„Секоја работа има своја тежина, најважно е да сте професионалец, но и позитивно да гледате на нештата, па да ги пронајдете предностите на секоја ситуација и работен ангажман… Точно е дека се будите ненаспани, но стасувате на работа за тројно пократко време поради празните скопски улици рано наутро. Уживате во изгрејсонцата, а и завршувате со работа во термин кога останатите прават пауза за оброк… За дотерувањето и концентрацијата, се е до добрата организација и вештини кои ги развивате со текот на времето“, изјави Јована во една пригода во интервју за Гламур магазин (види тука).