Погледнете какво изненадување си доби Ѓоко Јовиќ од сопругата за РОДЕНДЕНОТ – семејство полно со добрина и љубов!

Подарок за најдобриот татко и сопруг!

Ѓоко Јовиќ наполни 37 години, а по тој повод неговата сопруга Ивана му приреди убаво изненадување
Пејачот веднаш се пофали со подарокот на социјалните мрежи и покажа колку ја сака неговата сопруга.
Откако се ожени и доби деца, животот на Ѓоко Јовиќ доби нова смисла, и тој не крие дека ужива во оваа негова улога.

Тој и неговата сопруга имаат четири деца, а со нив секојдневието им е исполнето и уживаат во секој момент поминат со најмилите.

Колку тие уживаат во семејниот живот сведочат и заедничките објави што пејачот често ги споделува на Инстаграм.

Парот е заљубен како и првиот ден и не испуштаат прилика меѓусебно да се израдуваат, а така беше и сега.

Имено, вчера му беше роденден на Ѓоко, па Ивана покажа како му го честитала и ги изненади сите.

Имено, таа најпрво објави фотографија од тортата во форма на срце на кое пишува „Те сакам, за најдобриот татко и сопруг“.

Тој беше поприлично трогнат од овој гест па со своите следбеници сподели колку ја сака својата сопруга.

Таа набргу сподели и една заедничка фотографија на која се и нивните деца, Теодора, Михаил, Јоан и најмалиот син, Дарин.
Како тие уживаат кога се заедно, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
