Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каква убавица е ќерката на Индира Кастратовиќ – нејзините родители се гордеат со неа, еве на кого повеќе личи!

Реклама

Ќерката на една од најдобрите македонски ракометарки порасна во вистинска убавица, а на нејзините успеси најгорди се нејзините родители.

Индира Кастратовиќ е една од најдобрите македонски ракометарки, воедно и еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометната игра.

Маркетинг

Скоро три децении таа е непресушен извор на ракометни приказни.

Таа е најдоброто што ѝ се има случено на македонската женска ракометна репрезентација.

Фото: Фејсбук / Зоран Кастратовиќ

Започнува да игра ракомет на 15 години во Приедор, каде тогаш живее со своето семејство.

Маркетинг

Во 1994 година доаѓа во екипата на Кометал Ѓорче Петров со што започнува една нова страница во животот и професионалната кариера на Кастратовиќ.

Паралелно нижејќи успеси со Кометал, Кастратовиќ започнува да настапува и за македонската женска ракометна репрезентација со која најголемиот успех го постигнува на СП во Германија 1997 година, каде Македонија го освојува одличното 7 место, а таа е прогласена за најдобар стрелец на првенството со постигнат 71 гол.

Фото: Фејсбук

Кулминацијата на нејзиниот ракометен успех ќе биде освојувањето на титулата во европската “Лига на шампиони” со Кометал на 19 мај 2002 година.

Индира Кастратовиќ ја заврши професионалната кариера во 2006 година, а денес е тренер на женската ракометна екипа Вардар СЦБТ од Скопје.

Во родната Босна вели оди еднаш годишно, да ги посети нејзините најблиски. Таа е четвртото дете во нивното семејство, па смета дека во детството не ја разгалувале толку, колку што ѝ дозволувале да биде пргава.

Фото: Фејсбук

Долги години е во брак со ракометниот стратег Зоран Кастратовиќ. Плод на нивната љубов е нивната ќерка Сара.

Она што и после долги години може да се забележи е тоа дека за Индира како времето да запрело. Таа од година во година изгледа се подобро и како да не старее.

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Во емисијата „мгазин“ откри на што се должи тоа.

„Сите викаат дека ние спортистите сме поспецифични дека подоцна старееме, мислам дека има и генетика, а и мислам дека моето опкружување влијае на тоа, мојата фамилија и мојата позитивна енергија“, кажа таа.

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Таа вели дека нејзиниот сопруг е нејзина најголема поддршка, а истакна и дека за него не важат оние приказни за мрзеливите Црногорци

„Мојот сопруг е спротивност од тие муабети што се раскажуваат за Црногорците, помага и секогаш е со мене, како да не е чист Црногорец. Тој многу убаво готви и јас не му се мешам во таа работа. Нема кај нас машко-женска работа, во моментот кој што ќе фати“, изјави таа.

Фото: Фејсбук / Зоран Кастратовиќ

Нивната Сара веќе 5 години живее и студира во САД. Нејзиното заминување тешко им паднало, но нивно мислење е дека таа мора да чекори по својот пат и да ја бара својата среќа.

„Многу е тешко, но мораме да бидеме позитивни, како што мене моите ме пуштија на 18 години, така и ние наша Сара кога изрази желба дека сака да оди во Америка, ја пуштивме, таа секогаш има дом тука, но мора да си ја најде својата среќа.

Нормално дека ни е тешко на мене и на сопругот, но секогаш одам напред и си размислувам дека таа тоа го избрала, тоа е нејзиниот пат и мислам дека треба да си го бара својот пат, да не биде нашиот пат.

Кога Сара одеше во Америка бев храбра, но знаеме ние родителите како е дома“, изјави Индира.

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Таа не е многу активна на социјалните мрежи, но на Инстаграм знае да сподели по некоја фотографија од нејзините сакани.

Погледнете и сами уверете се дека Сара пораснала во вистинска убавица, која неверојатно многу наликува на својата мајка:

Фото: Фејсбук / Зоран Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Фото: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button