Погледнете каква убавица е сопругата на Мили од „Ѕвездите на Гранд“ – ДЕСЕТИНА ГОДИНИ е помлада од него и е мајка на две деца
Мили е горда татко, но и среќен сопруг
Познатиот композитор и фронтмен на бендот „Милиграм“, а од неодамна и директор на „Гранд продукција“, Александар Милиќ Мили, ужива во бракот со неговата десет години помлада сопруга Нина.
Тие се во брак повеќе од деценија и имаат две деца, ќерката Миа и синот Маркус, а како што пишуваат медиумите, Мили и Нина се сакаат како од првиот ден на нивната брачна заедница и се посветени родители.
Семејството е најсреќно кога сите заедно се заминати на некое патување, а музиката им е дел од секојдневието.
Нина, која од Мили е помлада десет години, е вистинска убавица и младолика и природна жена по која се вртат сите.
Нејзиното тело и денес се уште изгледа мошне атрактивно, а Мили сигурно е горд што има ваква убавица покрај себе.
Најубавите љубовни песни се за неа
Инаку, Мили многу пати во своите интервјуа истакнал дека најголема поддршка добива од сопругата. Најубавите љубовни балади ги направил благодарение на неа која за него преставува неисцрпна инспирација, а како што вели самиот, тоа што таа му го пружила во бракот преставува непресушен извор за создавање на најубавите љубовни месни.
„Таа секогаш за мене ќе блеска како сонцето и кога ќе има 80 и сега и кога прв пат ја видов. Моја сила, моја памет, моја љубов.. моја!“ пишува Мили во објавата на Инстаграм под фотографијата на која е неговата сопруга.
Нина им завршено архитектура во Италија, а љубовта помеѓу нив се роди веднаш, на прв поглед и се уште трае.
И како што самиот вели, семејството е најзаслужно за неговиот успех, а дека ужива во моментите кога е со најблиските можеме да видиме и од неговите фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Мили за неколку месеци ќе наполни 52 години, но годините никако не се познаваат на неговото тело.
Тоа секако е резултат на редовни тренинзи, а добро познато е дека е во форма и дека води сметка за својот изглед.
Мили на Инстаграм редовно покажува дека тренира и води здрав живот, а преку летото објавуваше и заеднички моменти со сопругата и семејството додека уживаа на нивната голема јахта. Нина инаку е поранешна манекенка, а од фотографиите можете да видите дека навистина се згоден пар.