Погледнете каква убавица е снаата на Сашо и Александра Мијалкови – блескаше во венчаницата, свекрвата на свадбата беше највесела!
Вчера во семејството Мијалкови беше весело…
Поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков го ожени својот син.
Сашо и неговата сопруга примабалерината Александра Мијалкова беа највесели што добија снаа во семејството.
Нивниот син Јордан Мијалков се ожени со неговата девојка Анастасија која беше прекрасна невеста.
Таа носеше тесна, куса венчаница и сандали со високи потпетици, а во центарот на вниманието беше нејзиниот труднички стомак.
Младоженецот носеше црн костум и бела кошула, а целото издание го заокружи со тренди црни мокасини.
На социјалните мрежи испливаа фотографии од кои можеме да видиме детали од раскошната венчавка во еден луксузен ресторан.
Како што раскажуваат гостите, свадбата беше преубава, а покрај невестата од среќа блескаше и мајката на младоженецот, Александра.
Инаку, Александра се вика и сестрата на невестата, која блескаше во необичната црвена креација со која никого не остави рамнодушен.
Таа и Анастасија, новопечената снаа на Сашо и Александра Мијалкови се сопственички на концептуална продавница Урма.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: belogram, sandra_mijalkova, stejsibella, milianamijalkova via Instagram