Познатата пејачка замина на одмор со своите две ќерки Ника и Атина, па покажа како изгледа глетката од нејзиниот прозор.
Но она што најмногу ги изненади нејзините бројни обожаватели е тоа што Јелена Карлеуша покажа дека со неа е и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, иако се недели се шпекулираше дека не се во добри односи.
Тие се сместени во неверојатно луксузен хотел со пет ѕвезди во Кина, а пејачката преку социјалните мрежи веднаш се пофали со луксузот во кој ужива.
Инаку, Карлеуша неодамна имаше настап во Макарска на кој настапи во ексцентрично издание за кое сите зборуваат.
Имено, таа се појави од глава до пети облечена во парчиња од Версаче за кои потрошила неколку илјади евра.
Носеше високи чизми над колена, златно боди и златна марама, а како изгледаше погледнете во продолжение.