Новото момче на Мадона е речиси врсник со нејзината ќерка
И додека Мадона (61) ужива со згодниот танчер Ахламалика Вилијамс (26), нејзината ќерка, која е само три години помлада од него, деновиве беше забележана од папараците додека уживаше на плажа во костим за капење.
Имено, наследничката на поп дивата има 23 години и се вика Лурд Марија Чиконе Леон.
Таа ретко се појавува во медиумите, но овој пат се соблече во костим за капење и ги воодушеви сите.
Мадона својата ќерка ја доби од врската со танчерот Карлос Леон, а покрај неа има уште пет деца – синот Рока кој го доби од бракот со претходниот маж, режисерот Гај Ричи и четири деца усвоени од Африка.
Инаку, Мадона деновиве се најде во центарот на вниманието откако се појавија фотографиите на кои е во прегратки со својот нов љубовник.
Тие на овие фотографии разменуваат нежности, а гласините дека се во врска започнаа од јуни годинава кога Мадона на својот Инстаграм сподели видео на кое се гледа како нејзиното младо момче тверкува.
Странските медиуми во октомври објавија дека тие се во врска, но и дека нејзините пријатели се загрижени за неа заради преголемата разлика во години.
Имено, Мадона има 61, а тој само 26.