Повторно хаoc во „Ѕвездите на Гранд“, камерите забележаа како Цеца Ражнатовиќ ја „иcплecка“ својата кума Вики Миљковиќ
Цеца направи хаос во студиото
Познатите ликови кои се дел од жирито во Ѕвездите на Гранд на снимањето на последната емисија беа видно расположени.
Но дефинитивно најрасположена од нив беше Цеца која во оваа емисија направи вистински хаос во студиото.
Покрај тоа што го украде шоуто со својот изглед облечена во тренди парчиња, таа никого не остави рамнодушен и со своето однесување.
Сепак она што најмногу привлече внимание беше моментот кога Цеца тргна кон својата кума и ја „удри“ по раката.
Имено, пејачката Вики Миљковиќ која исто така е член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, но и кума на фолк дивата, се снимаше за социјалните мрежи кога во еден момент ненадејно Цеца тргна кон неа и ја удри по раката.
Вики го забележа моментот и го сподели на социјалните мрежи предизвикувајќи голем број коментари.
Секако дека во прашање беше шега, а и на снимката може да се види како двете пејачки се смеат.
„Кога кумата ќе те плесне по раката“, напиша Вики во описот на видеото, а како тие изгледаа, но и како изгледаше моментот со кој пејачката ги изненади љубителите на шоуто, погледнете од фотографиите во галеријата.
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд