Тускиот актер и музичар, најпознат по улогата во тв серијата „Истанбулската невеста“, 47-годишниот Озкан Дениз, минатото лето откри дека се разведува од 20 години помладата сопруга, исто така актерка Фејзе Актан.
Набрзо после вестите за разводот, во медиумите се појавија негодувања дека поранешните сопружници се караат околу поделбата на имотот, и за старателството над двегодишниот син Кузејем. Меѓутоа, и покрај наводните расправии, се чини дека поранешните сопружници останале добри пријатели.
Имено, 27- годишната Фејзе на својот Инстаграм профил сподели фотографија од прославата на роденденот на синот, а на веселата фотографија позираше во друштво на својот поранешен сопруг.
https://www.instagram.com/p/B_k2_1Ql2d-/?utm_source=ig_embed
Насмевките на лицата покажуваат дека и покрај разводот, актерката двојка и натаму одлично се сложува, а тоа ги воодушеви бројните пријатели кои покрај објавата испратија честитки и убави зборови по повод роденденот на нивниот наследник.
https://www.instagram.com/p/BqnJ-QkBg-J/?utm_source=ig_embed
Инаку, двојката се разведе, како што тогаш пишуваа турските медиуми, бидејќи 27-годишната актерка наводно ги занемарувала мајчинските обврски и неконтролирано трошела пари. Во брак беа само 15 месеци, а разводот е окончан по мирен пат зошто поранешните сопружниците околу се пријателски се договорија со оглед на тоа што имаат двегодишен син.