Реклама
Наши ѕвезди

Победникот од популарното шоу со вест што ги израдува Македонците – ова го направи со многу љубов

Бобан Цаневски ја промовираше својата најнова песна - преработка на „Послушајте патриоти“

Реклама

Ова е проект на кој сум многу горд, изработен е со многу труд и љубов. Се надевам дека ќе допре до сечие срце- вели Бобан за Гламур

Бобан Цаневски на денот на независноста ја промовираше својата најнова песна со видео запис, односно преработка на “Послушајте патриоти“.

Песната е една модерна преработка   во “издание“ на Цаневски. Тој на публиката  и е многу познат по победата во ТВ-шоуто “Никогаш не е доцна“.

Маркетинг

Приватна архива

-Ова е проект на кој сум многу горд, изработен е со многу труд и љубов. Се надевам дека ќе допре до сечие срце! Да ни е жива Македонија, порача пејачот,  кој за Гламур вели дека е многу задоволен од финалниот производ.

Маркетинг

Аранжманот на оваа верзија  на “Послушајте патриоти“ го направил Бојан Биневски. Видеото е како еден вистински краток филм, во кој  е прикажана вечната борба за татковината Македонија, борбата на патриотите кои неизмерно ја сакаат и го даваат својот живот за неа. Главната улога како Александар Караѓуле-Охридски ја толкува познатиот битолски актер Петар Горко. Улога на мајката е на Стефанија Илиевски, додека “шпиунот“ е Зоран Андревски. Војниците се  Ѓорѓи Стојчески и Роберт Тасевски. Шминката и VFX се дело на Стефанија Стојчевска.

Бобан е многу среќен што се излегло онака како што сакал, дури и се надминале неговите очекувања.

Спотот  го изработи  „Генерал филм студио“, додека режисерка  е се по успешната Ана Марија Јанковиќ.

На прашање на Гламур дали може да очекуваме во иднина и преработка на некоја друга патриотска песна- Бобан вели дека сега сепак ќе се насочи кон правење на авторска музика.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button