Реклама
Наши ѕвезди

Победникот од Македонија во „Никогаш не е доцна“ нé воодушеви со концертот за деца со посебни потреби

Пејачите од Македонија кои учествуваа во „Никогаш не е доцна“ одржаа хуманитарен концерт на кој собираа пари за деца со посебни потреби

Реклама

Прилепчанецот што победи во Никогаш не е доцна, Сашо Башески, ги воодушеви сите со хуманитарниот концерт што го направи.

Имено, тој се појави на настан на кој се собираа средства за собирање пари за деца со посебни потреби, а покрај Сашо на хуманитарниот концерт пееше и Вито Салвески кој исто така беше учесник во „Никогаш не е доцна“, додека Билјана Зероска беше дел од организацијата на овој хумантарен настан во Прилеп.

Имено, и Билјана учествуваше во „Никогаш не е доцна“, а веќе долги години живее во Лондон и по професија е фармацевтка.

Маркетинг

Фејсбук/ Сашо Башески

Како што објави и самиот Сашо на Фејсбук, концертот беше преполн со емоции, а средствата што беа собрани беа донирани во хуманитарни цели. Пејачот истовремено и се заблагодари на колешката Билјана Зероска за беспрекорната организација на овој хуманитарен настан, а објави и неколку фотографии.

Маркетинг

Фејсбук/ Сашо Башески

Потсетуваме, Сашо победи во деветтата сезона од „Никогаш не е доцна“ и тоа благодарение на гласовите преку СМС.

Фејсбук/ Сашо Башески

По триумфот наградата му ја додели Калиопи, која му се обрати на македонски јазик и му честиташе на победата.

Фејсбук/ Сашо Башески

„Прилеп ќе биде горд, како и сите Македонци. Ти благодарам“, му кажа тогаш Калиопи и му ја предаде статуетката.

Фејсбук/ Сашо Башески

Инаку, пејачот за време на натпреварот поминуваше и низ семејна трагедија, односно неговата мајка имаше мозочен удар.

Мајка му беше пресреќна што својот син го гледа во ова познато шоу, а Сашо беше горд што имаше прилика, пред да и се влоши здравствената состојба, да ја донесе мајка му во студиото.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Таа во една од емисиите го гледаше во живо и го бодреше, а нејзиниот син секако дека овие моменти нема никогаш да ги заборави.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button