Победи во „Пинк ѕвезди“, а сега е хит и во „Ѕвездите на Гранд“ – МАКЕДОНЕЦОТ што со својот глас го освојува Балканот

Мите Стоилков од Скопје освои максимален број гласови во неговиот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“.

За разлика од Мите, Ивона Дајмановиќ која пееше со него во дуел овој пат освои само два гласа од жирито.
Кандидатот број еден, не треба ништо да се зборува, секоја чест – изјави Снежана, а потоа им се обрати и на двајцата:
Малку си хендикепирана со колегата вечерва, но според моето мислење требаше да добиеш барем три гласови. Но ова не треба да де демотивира, имаш само 19 години, и кажа таа на натпреварувачката.

Карлеуша призна дека и се допадна настапот на Ивона и дека за своите 19 години била одлична и страшно се борела.

И додека Мите заминува во следниот круг, Поповиќ и вети на младата пејачка дека следната година ќе биде нејзина.

Инаку Мите е момчето кое победи во детското музичко шоу „Пинкови ѕвезди“ кога со својот глас го воодушеви целиот регион. Тој во „Ѕвездите на Гранд“ за свој ментор ја избра Вики Миљковиќ, а публиката и жирито ги освои уште од самиот почеток.

Тој има завршено средно музичко школо и е студент на Музичката академија, а во слободното време сака да спортува и да патува. Има свое музичко студио и компонира, а има и неколку песни напишано досега.

Во еден од претходните кругови Марија Шерифовиќ беше изненадена од вонсерискиот талент на Стоилков, но и од тоа што тој самиот ја избра Вики за ментор.

„Нема логика тој да е кај Вики“, изјави тогаш Шерифовиќ, на што Миљковиќ ги обвини своите колешки дека и се љубоморни.

Тогаш сите почнаа да се шегуваат на сметката на Вики дека наводно му платила на Мите да ја избере, на што тој изјави:
„Ќе кажам само дека направив одличен избор“.

По ова Шерифовиќ му се обрати со зборовите:
„Шегата на страна, беше одличен, но очекувај најлошо од мене и од моите кандидати“, му кажа таа.

„Ти поседуваш неоспорен талент, но потребна е и вид на социјална интелигенција. Бидејќи да ја избереш вики за своето продолжување во натпреварот е нелогично“, изјави Карлеуша во шега, а Вики се надоврза.

„Сите оние девојки што мислеа дека Јелена ќе ги научи дека ќе летаат на сцената, избраа па се сопнаа. На крајот ништо“ и врати тогаш Вики на својата колешка Јелена Карлеуша.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
