По разводот од Џими, пејачката Анета објави вест која ги изненади сите – ова никој не го очекуваше
Пејачката која зад себе има бројни хитови со својата последна објава ги израдува фановите, но и ги изненади сите затоа што покажа дека е жена без комплекси
Познатата фолк-пејачка вака изгледа без грам шминка на своето лице
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска (39) е жена која предизвикува внимание и со својот шарм и убавина.
Анета е жена која се грижи за својот изглед, но позната е и по тоа што е една од ретките наши ѕвезди кои што немаат проблем да објават фотографии на кои немаат ни грам шминка.
Впрочем тоа можевме да го видиме и сега, кога на Инстаграм објави фотка на која е со водителката Анита Даева.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката позираше во потполно природно издание, без грам шминка на своето лице и разни филтри и ги воодушеви сите.
Анета која важи за една од нашите најдобри и најуспешни пејачки на народна и фолк музика, покажа дека нема никаков проблем да застане во едно вакво издание пред камерите, па со нејзината природна насмевка предизвика бројни коментари и комплименти од нејзините обожаватели и пријатели на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но пејачката своите фанови ги изненади и со нешто друго.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, Анета сподели и снимка на која се гледа како работи во студиото и снима песна која очекуваме наскоро да ја слушнеме.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета е родена на 25 јули 1984 година во Битола, а со музика се занимава од најраното детство.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Нејзината мајка на 9 годишна возраст ја пријавила на популарниот детски фестивал „Си-До“ каде Анета на аудицијата ја испеала песната „Свирете ја зајди, зајди“ од Олгица Христова и ги воодушевила сите. Таа на овој детски фестивал настапи со песната „Среќна сум“ и тоа беше нејзиното прво појавување на сцената, истакна во една пригода нејзината мајка, Лилања Љумаковска.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Анета на нашата музичка сцена е присутна повеќе од две децении, а со години беше пејачка во групата „Молика“.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Во оваа група Анета настапуваше заедно со својот поранешен сопруг Џими Мицевски, а како што самата истакна во една пригода, по веста дека се разведува, таа ќе остане со Молика се додека не ги испочитуваат сите веќе однапред договорени свирки, а потоа „на мирен начин ќе се разделат како цивилизирани и возрасни луѓе“.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Секако ништо не е вечно, па ни ова. Едноставно секој си продолжува по својот пат, истакна тогаш Анета.
Повеќе за ова прочитајте тука…