По операцијата на тумор на главата убавата Македонка соопшти прекрасна вест – очекува принова, ќе стане МАЈКА
Познатата македонска инфлуенсерка соопшти прекрасна вест.
Александра откри дека таа и сопругот очекуваат принова.
Александра Шијакоска долги години е дел од македонската Инстаграм сцена.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Таа е една од првите девојки кои започнаа да се занимаваат со инфлуенсерство во земјава.
Пред две години на Александра ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот, а за својата битка со оваа тешка болест говореше и јавно.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Туморот го отрила сосема случајно, кога била на преглед по доживеана сообраќајна несреќа, а од докторите ѝ било потврдено дека туморот го има во главата 10 години.
Александра успеа да ја извојува оваа битка со победа и по неколку направени успешни операции таа потврди дека сѐ е во најдобар ред.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Најголема поддршка во целиот процес беше нејзиното семејство, но најмногу нејзиниот партнер Едмонд Весели.
Александра и Едмонд беа 12 години, а минатата година го кажаа судбоносното „да“.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Парот ја прослави својата долгогодишна љубов со мала забава во куќата каде што живее, во Битола, на која присуствувале најблиските.
Александра заблеска во елегантна венчаница со голем бел цвет на десната страна, а Едмонд носеше бело сако, маичка и панталони.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Деновиве Александра ги израдува фановите со прекрасната вест што ја соопшти.
Таа и Едмонд наскоро ќе станат родители, а тоа го соопштија со преубаво видео снимено на плажа.
„Некогаш далечен и недостижен сон, денес реалност…“, стои во опис на видеото.