Реклама
LIFESTYLEВирално

По овој француски борач е создаден ликот на Шрек

Реклама

Најпознатиот цртан лик на светот не е измислен, тој е направен по исприарција од човек од крв и месо.

Францускиот борач Морис Тиле(1903 – 1954), во своите 20-ти години, страдаше од акромегалија, ретка хронична болест која предизвикува неконтролирано да растат коските. Симптомите се манифестираат со зголемување на рацете и нозете, задебелување на усните и формирање на излишни брчки на челото.

Маркетинг

Професионалниот борач „Француски ангел“, како што го викаа, зборуваше 14 јазици, беше и поет и актер, но беше исмејуван од многумина заради неговата болест. Тој избега во Соединетите Држави за да започне нов живот каде сонуваше да стане адвокат. Таму професионално вежбал борење. Тој беше најавен како наказата во рингот.

Тој го победи Стив Кејси Кејси на 1 август 1944 година и ја доби светската титула. Сепак, емотивниот интелектуалец живеел како скитник. Уживаше во шаховски игри со бизнисменот Патрик Кели, кој исто така на крајот го иневери.

Маркетинг

Фото: Твитер

Пред да си замине од овој свет борачот Боби Манагоф го праша дали може да направи гипсен калп од неговото лице. Тој се согласи. Манагоф направи три калапи. Кели ја чуваше едната на своето биро и се вршеше студија со години, а другите две беа изложени во  музеи.

Иако Шрек е направен според него, нема сомнеж во тоа, филмското студио „Dreamworks“ кое го објави популарниот филм никогаш не ги потврди гласините дека тоа навистина е тој … Што мислите, случајност или инспирација?

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button