Реклама
ПортретиТрендови

По овие фустани сите се луди – ги носат насекаде, од кралските венчавки до црвениот килим

Реклама

Кога ќе слушнете чии се, ќе ги обожавате и вие!

Во изминатиов период се почесто зборуваме за фустани од брендови кои не се толку многу познати, но се хит на Инстаграм. Такови се и фустаните од модниот бренд „The Vampire’s Wife“ кој покрај тоа што често го среќаваме на највлијателната социјална мрежа на светот присутен е и на црвените килими, а беше во центарот на вниманието и на венчавката на Меган Маркл.

Маркетинг

Поголем инпут на модната сцена брендот „The Vampire’s Wife“ доби во 2017 година кога во нивните фустани се појавија британските икони на стилот Алекса Чанг, Сиена Милер и Кира Најтли, а потоа веднаш и цела војска на инфлуенсерки кои фустанот со името „Festival“ го носеа насекаде.

Маркетинг

Благодарение на универзално ласкавата силуета, едноставна кружна јака, должина до половина листови и ракави до лактите украсени со карнери, мажетни и копчиња, романтичните фустани од брендот „The Vampire’s Wife“  преку ноќ станаа омилен избор на бројни ИТ девојки.

Инаку, во прашање е американски бренд кој го основаше сопругата на легендарниот пејач Ник Кејв. Таа и оваа година продолжи да реди успеси, па така дури три гостинки на кралската венчавка на Меган Маркл и принцот Хари носеа фустани со потписот на нејзиниот бренд.

https://www.instagram.com/p/BrGJl12h9ZK/

https://www.instagram.com/p/BqhoaukB4cj/

https://www.instagram.com/p/Bp6XlDnhHHW/

https://www.instagram.com/p/Bo5PkNyB7IS/

https://www.instagram.com/p/BmlUZKYFtxI/

Повеќе фустани од овој бренд погледнете на почетокот од текстот >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button