Долго време по несреќата на неговиот татко, Мик Шумахер, синот на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер не се појавуваше во јавноста.
фото инстаграм/Михаел Шумахер
Целото семејство ја држеше приватноста во тајност но сега Мик откри дека е во љубовна врска.
фото инстаграм/Михаел Шумахер
Наследникот на Шумахер сподели фотографии со својата девојка, Босанката Лаила Хасановиќ.
фото инстаграм/Лаила Хасановиќ
Лајла е родена во Данска, каде што нејзините родители се преселиле за време на војната, а по потекло биле од Сребреница.
фото инстаграм/Лаила Хасановиќ
Таа работи како модел, а пред четири години беше во финалето на изборот за Мис Универзум Данска.
фото инстаграм/Лаила Хасановиќ
Мик и Лајла веќе објавија заеднички фотографии.
фото инстаграм/Лаила Хасановиќ
Летото го поминаа во Сен Тропе, а сега објавија неколку фотографии од Швајцарија.
фото инстаграм/Лаила Хасановиќ
фото инстаграм/Лаила Хасановиќ
Инаку случајот со Михаел Шумахер, човекот полн со живот, енергија и сила, кој остана врзан за кревет по повредата е еден од најшокантните во светот.
Познатиот возач на Формула по трагична несреќа на скијање на Алпите во декември 2013 година беше во вештачка кома до јуни 2014 година, а од септември истата година се лекува во својот дом.
Семејството Шумахер по несреќата живее на имот во Швајцарија кој се наоѓа на Женевското езеро, а нивната вила има подземна гаража и сопствена бензинска пумпа.
Фото Инстаграм/Михаел Шумахер
Тие поседуваат и ранч со коњи каде Корина често престојува, но сепак не сака да открива премногу детали за приватниот живот.
Како изгледа нејзиниот живот денес за медиумите откри близок пријател на семејството Еди Џордан за британскиот OLBG.
фото инстаграм/Мик Шумахер
Зборувајќи за Корина, тој рече дека нејзината постојана борба и притисокот со кој се соочува ја претвориле во „затвореничка“ бидејќи не можела да се дружи со луѓето поради стравот дека сите постојано ќе прашуваат за состојбата на нејзиниот сопруг.
фото инстаграм/Мик Шумахер
– Тешко е и за Мик, тој се обидува да направи кариера. Ако Мик не беше под притисок од неговиот татко, тој веројатно ќе беше многу подобар возач отколку што мислиме. Сепак, ова е неговиот татко и тој мора да го разбере тоа и да се справи со тоа, а моите мисли се со него. Не разговарам често со Мик, но ми се допадна она што го кажа за возењето на Џордан што го возел неговиот татко, тоа беше носталгичен и многу убав момент. Сепак, на Мик му треба сопствен слободен простор и време, како и на сите во тоа семејство – рече Џордан, кој го водеше Ф1 тимот од 1991 до 2005 година и му даде одлична можност на младиот Шумахер да се пробие во Ф1 кога имаше 22 години – да дебитира со тимот на Гран При на Белгија во 1991 година.