По неколку децении Лидија Вукичевиќ ја промени фризурата. И повторно изгледа божествено
Повторно ги воодушеви сите
Актерката Лидија Вукичевиќ веќе со децении носи иста фризура по која е препознатлива. Таа веќе со децении е нејзиниот заштитен знак, и досега речиси никогаш ја немаме видено во поинакво издание.
Но 57 годишната актерка овој пат одлучи да направи промена.
Имено, таа на последниот сет фотографии кои Лидија ги направи самата во својата дневна соба, и ги објави на Инстаграм, можеме да ја видиме без познатата опуштена пунџа, подигната на врвот од главата, во која речиси секогаш ја носи својата долга, виткана коса.
Лидија, пуштај ја оваа коса, многу добро ти стои, беше само еден од многуте коментари што ги доби актерката.
Таа им се заблагодари на комплиментите, но пред да излезе од дома, што исто така го снимаше, повторно ја врза својата коса. И изгледаше феноменално за свои години…