По највеселата свадба во Скопје, младоженецот сподели емотивна порака – вест што ги израдува сите!
Во 2020 го победи ракот, а сега ја соопшти најубавата порака во неговиот живот Фала ти Господе, фала ти Вики
Бомбакис за неколку месеци ќе стане татко…
Кристијан Станковски, попознат како Бомбакис, и неговата сопруга Вики наскоро ќе се остварат во улога на родители.
Оваа среќна вест на социјалните мрежи ја сподели самиот Бомбкис кој објави фотографија на која држи ехо-снимка од ултразвукот.
„Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов. Најдоброто нешто што ми се случило во животов. По сите турбуленции, фала ти Господе. Фала ти Вики што си ми најголема поддршка во животов“, напиша тој на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Покрај оваа фотографија Бомбакис објави уште неколку на кои се гледа како го бакнува трудничкото стомаче на својата сакана.
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Инаку, Бомбакис ова лето ќе го памти и по својата свадба на која пред голем број гости го изговори своето судбоносно „да“.
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Нивната свадбена веселба беше организирана во еден престижен ресторан, а меѓу гостите имаше бројни јавни личности.
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
И само десетина дена по свадбата, „новопечениот“ брачен пар повторно имаше голема причина за славење.
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Веста дека Вики е бремена Бомбакис ја сподели на негов начин, па следуваа бројни честитки од неговите фанови.
Емотивната порака што тој ја напиша никого не остави рамнодушен, што може да се види и по коментарите што ги доби.
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Потсетуваме, Бомбакис и Вики се заколнаа на вечна љубов на 30 јуни, а за нивната весела свадба се уште се зборува.
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
На свадбата специјален гостин беше Спасен Силјаноски, кој испеа неколку песни и ги крена сите гости на нозе.
Како изгледаше и овој посебен момент на младиот пар чие семејство наскоро ќе добие уште еден член, погледнете во продолжение…