Последните години Селин Дион ги изненадува сите со својот моден избор, а за изданието што го носеше на Модната недела во Париз се уште се зборува
Речиси секоја комбинација што ја носеше во Париз заврши на насловните страни на водечките модни магазини
Посебно внимание привлече со фустанот од „Miu Miu“ со црна панделка, но и со црно-белото сако и жолтото здолниште со потписот на холандскиот дизајнер Роналд ван дер Кемп кои ги носеше со различни чевли од Џими Чу.
Тоа дека е апсолутна кралица на високата мода докажа и со краткиот фустан во беж боја, со преголем ракави од дизајнерот Александер Вотије, но и со другите комбинации со кои спремно ја дочека Модната недела во Париз.
Пејачката е видно ослабната, па на сметка на нејзините килограми имаше многу негативни коментари. Од оние дека изгледа пропаднато и дека би и стоело убаво да качи неколку килограми, до оние дека пејачката се разубавила и изгледа сé подобро и подобро во последно време.
Како и да е, таа очигледно не е премногу загрижена за критиките, а единствениот коментар што го имаше на пораките дека изгледа преслабо беше дека само сака да биде „силна, убава, женствена и секси“.