По Карлеуша, ред дојде на Анастасија – голема светска ѕвезда го ископира стајлингот на Ражнатовиќ
Многумина го забележаа овој детаљ
Не е прв пат најголемите светски ѕвезди да позајмат по некое модно решение од ѕвездите во помалите земји, па и од Балканот, кои кај нив не се познати.
Па така досега многу пати ѕвездите како Ким Кардашијан, Емили Ратајковски и многу други „позајмиле“ идеи од најпознатите балкански пејачки како што се на пример Јелена Карлеуша и Теодора Џехировиќ.
Овој пат тоа и се случи на Анастасија која во последно време важи за модна икона посебно меѓу помладата генерација.
Имено, нејзиното модно издание од спотот за новата песна „Готово“ наводно го искористиле за филмот за кој сите зборуваат денес, „House of Gucci“, во кој главната улога ја толкува легендарната Лејди Гага.
Како што пренесуваат српските медиуми, во еден дел од најавата за филмот Гага носи потполно ист фустан.
Во прашање е црна тоалета со црвени туфни кои светската ѕвезда ги носеше со гламурозни огрлици.
Истата комбинација претходно ја носеше Анастасија, па нема да се изненадиме како стилистите на Гага биле инспирирани од ова ретро модно издание на ќерката на Цеца.
Стајлингот во спотот на Анастасија е дело на стилистката Елена Николајевна, додека фустанот го изработи Марија Марковиќ.
Во продолжение погледнете ја галеријата со уште неколку модни изданија на Анастасија кои би можеле да ви послужат како инспирација за во иднина.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ