По загубата на бебето раскинаа Анастасија и Немања?
Фудбалерот ги демантираше ваквите вести...
Во медиумите на големо се шпекулира за крајот на врската меѓу Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ.
Точно е дека наследничката на Цеца се врати во Србија, а причината за тоа сите ја гледаат во траумата од загубата на бебето.
Некои, додуша, заминувањето на убавата Таша од домот на фудбалерот го сметаат за реакција на сите болни настани, но имаше и такви кои се посомневаа во раскинување на врската со Немања.
За среќа, се е во најдобар ред помеѓу пејачката и спортистот. Се сакаат како првиот ден, можеби и повеќе.
Болката поради прекинот на бременоста уште повеќе ги спои, без проблемите да ја нарушат нивната врска, за што најдобро сведочат фотографиите кои фудбалерот ги споделува на својот Инстаграм последните денови.
Имено, откако неговиот клуб Севиља стана европски првак, Немања покрај фотографии од фудбалскиот терен и навивачите, објави и една со Таша. И мајката на Анастасија, Цеца Ражнатовиќ, објави слика од парот како се прегрнува, која во описот додаде дека го има најдобриот зет на светот и дека е многу горда.
Една од најкоментираните фотографии е онаа на која пејачката го држи освоениот пехар, додека фудбалерот ја бакнува во глава.