Реклама
Наши ѕвезди

По докторатот, нашата пејачка покажа и како изгледа во костим за капење – и повторно сите ги изненади

Оваа наша пејачка не само што е доказ дека убавината и паметот можат да одат заедно, туку и дека нема ништо поубаво од оваа комбинација

Реклама

Повторно ги воодушеви сите

Нашата позната пејачка Андријана Јаневска неодамна и официјално стана нашата најшколувана пејачка.

Покрај занимавање со популарната музика, Андријана е посветена и на науката, така што пред неколку месеци стана и доктор на науки.

Маркетинг

Паралелно со својата музичка кариера веќе со години успешно се занимава и со академска работа, а работи и како професорка по солфеж и соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Маркетинг
Инстаграм/ Андријана Јаневска

Таа воедно е и виолинистка во НОБ, така што со докторатот само го заокружи своето образование, но и ги воодушеви сите.

Сепак, и покрај сите овие занимања, оваа наша пејачка секако дека не заборава и на своите верни фанови.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Публиката пред сé

Таа редовно комуницира со нив како со музиката што ја создава, така и преку социјалните мрежи, како и сите останати ѕвезди.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

А нејзините објави се доказ дека кога ќе се спојат убавина и интелект на едно место, од тоа нема ништо поубаво.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Имено, откако што докторираше и по бројните настапи што ги имаше периодов, Андријана реши малку да се одмори, но и да се разлади.

Па така настанаа и овие фотографии со кои таа никого не остави рамнодушен, но и покажа дека е во беспрекорна форма.

Пејачката освои бројни комплименти, а како изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение….

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Најубавиот град на светот

„Ве поздравувам од Охрид, најубавиот град на светот“, напиша Андријана под фотографиите што ги објави на својот профил на Инстаграм

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Андријана, Влатко и „Елена ќерко“

Потсетуваме, овие денови Влатко Миладиновски ги изненади сите со објавата што ја сподели на својот профил на Фејсбук.

Имено, тој сподели заедничко видео на кое заедно со Андријана ја пеат песната „Елено ќерко“, а видеото веднаш стана хит.

Принтскрин/ Јутјуб

Повеќе за ова прочитајте тука, а како изгледа кога Андријана и Влатко заедно ќе се фатат за микрофон, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button