Реклама
Наши ѕвезди

По cкaндaлот со велешанецот, повторно драма во Ѕвездите на Гранд – ИСПОВЕДТА на оваа девојка предизвика бура на Инстаграм!

Реклама

Вања Кнежевиќ е дисквалификувана од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, како што вели, заради својот Инстаграм.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, младата пејачка неколку дена претходно во рамките на своите „Инстаграм приказни“ сподели неколку коментари од нејзините фанови. Коментарите се однесуваат на пејачката Јелена Карлеуша која беше бpyтaлна во критиките кон натпреварувачката по нејзиниот настап во споменатото музичко шоу, па фановите на Вања жестоко ја нaaпaднaa дивата со нe*oлични зборови.

Целата ситуација настана откако Вања по својот настап со кој ги воодушеви фановите, доби остри коментари од одредени претставници на жирито. Тогаш Карлеуша и порача дека таа со свои 18 години не може да ја доживее песната што ја избрала, на што Вања и возврати дека греши, по што Карлеуша ја опомена да не ја прекинува додека зборува.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Многу се занесуваш дека си врвна пејачка, а не си. Втората песна, дикцијата ти е нула, тоа така не се пее. Првата песна беше без емоции кои треба да ги имаш. Претерување, уфрлање на непотребни украси и некои додатоци направија напната атмосфера“, и порача Јелена и додаде:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Изгледаш како тетка со 18 години и се’ беше погрешно, но слушнав дека има во тебе потенцијал. Ако уште еднаш ме прекинеш или ако на твојата уста прочитам некyлтyрно коментирање на жирито и повторно се занесуваш дека си од Господ испратена пејачка, од мене повеќе нема да добиеш глас, а нема да те заштити ни твојата менторка Марија“, и кажа тогаш дивата, по што Вања зaплaка, се извини и кажа дека дошло до недоразбирање, па ја напушти сцената.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По ваквото обраќање на Јелена Карлеуша, следуваа бројни коментари, а некои со навредлива содржина Вања ги сподели на својот Инстаграм воедно заблагодарувајќи им се на своите верни фанови. Ваквото нејзино однесување наиде на осуда од страна на „ПР“ тимот на Јелена. Тие реагираа и се обратија до продукцијата во „Ѕвездите на Гранд“ со барање натпреварувачката веднаш да биде исклучена.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Драги кандидати на ‘Ѕвездите на Гранд’, не дозволувајте вакво нешто да си го правите само на себеси. Оваа девојка, Вања Кнежевиќ мора да биде дисквалификувана, истакна тој, па сподели уште една објава каде натпреварувачката им се заблагодарува на луѓето што ја навредуваат Јелена Карлеуша. По ова се огласи и самата дива.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Во случајот со полнолетната кандидатка која што ги п*yeше претставниците на жирито во последната емисија, а потоа со плaчење покажа дека не е доволно стабилна да стои пред камерите и жирито, споменувам дека истата на своите социјални мрежи продолжи со објавување на нeдoлични навреди, заради кои моментално е дисквалификувана“, напиша таа на својот профил на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По ова се огласи и Вања која напиша:

„Драги луѓе, заради ‘сторито’ што го споделив пред неколку дена, продукцијата донесе одлука да ме дисквалификуваат од натпреварот. Содржината од овие објави не ги смислив јас, туку луѓето што ме назначиле во него, со желба да ми дадат поддршка. Јасно е како ден, дека коментарот што беше на моја сметка не беше конструктивна критика, туку индиректно психичко злo cтa*yвање. Јас во натпреварот дојдов да пеам, да се дружам и да се натпреварувам“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Благодарна сум на се во животот“, наведен меѓу останатото Вања на својот Инстаграм.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, само неколку дена претходно жирито беше критикувано и од страна на гледачите во Македонија откако на брутaaлен начин од шоуто беше исфрлен и младиот пејач од Велес, Александар Темелков.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Повеќе за ова прочитајте тука.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button